Општина Карпош продолжува со реализација на мерката за субвенционирање на млади лица за теоретска и практична обука за полагање возачка дозвола Б категорија.Досега се поднесени 264 барања, од кои 216 млади лица целосно ја завршиле постапката, а исплатени се 3.445.048 денари.
Зa реализација на мерката се обезбедени вкупно 5.000.000 денари.

 Јавниот повик е отворен до крајот на 2026 година, односно до исцрпување на предвидените средства.
 Доколку сте млад жител на Општина Карпош и ги исполнувате условите, сè уште имате можност да аплицирате и да ја искористите оваа мерка.
🔗 Повеќе информации и апликација: https://shorturl.at/UEmJS