Вчера, во Кинотека на Македонија, градоначалникот на Општина Карпош, свечено ги додели училишните  стипендиите на талентираните ученици  во областа на спортот и образованието.

Стипендираните  основци од основните училишта на територијата на локалната самоуправа, ќе можат својот спортски  или талент од областа на образованието да го надоградуваат, и преку истиот професионално да се усовршат.   Градоначалникот  Јакимовски  истакна дека Општина Карпош секогаш финансиски вложувала во своите најмлади талентирани жители, со цел истите еден ден да претставуваат државни или светски репрезенти на Општина Карпош.

 

–                    Ви  честитам, и ви посакувам вашиот талент да го  развиете во ваша идна  професија, преку континуирано вложување и надградување на вашите способности, и со упорен труд да станете  врвни спортисти, доктори , инжинери и првенци во други професии, и на тој начин да претставувате гордост на Општина Карпош, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.