СРЕЌЕН РАСПУСТ, Е – НАСТАВАТА ЈА ОДБЕЛЕЖА ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА
- јуни 10, 2020
- 0
Учебната 2019/2020 година завршува во вонредни услови. Учениците од десетте општински основни училишта, речици цело второ полугодие спроведуваа настава по електронски пат, како резултат на прекинот на воспитно – образовниот процес поради Ковид – 19.
Градоначалникот Стефан Богоев преку видео порака им го честита крајот на учебната година на сите ученици, наставници и родители. Иако денеска изостана другарувањето по училишните холови и дворови, 10 – ти јуни за секое дете е еден од најсреќните денови во годината:
- Сакам да ви честитам на фактот што сте генерација која за прв пат реализираше настава по електронски пат. Речиси цело второ полугодие, учевте преку дигитални платформи и покажавте дека младите,и во време на здравствена криза,се носители на промените.
Ученици и наставници, Вие поставивте нов стандард во македонското образование!
Ви благодарам за вложениот труд и напор, а на полуматурантите им посакувам успешен упис во средно училиште, рече Богоев.
Во текот на распустот, Општина Карпош ќе спроведе и повеќе инфраструктурни активноси во училиштата, со цел да ги подобри условите за учење и престој.
Локалната самоуправа во следните денови ќе додели и награда за првенците на генерација од сите основни училишта.