СРЕДНОШКОЛЦИ НА ПРАКСА ВО КАРПОШ
- јуни 24, 2021
- 0
Во текот на летниот период, во општина Карпош се спроведува феријална практика за ученици – средношколци кои учат во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“.
Учениците посетуваат пракса во рок од 10 работни денови и распоредени се во секторите за финансиски прашања и правни работи, како и во Одделението за поддршка на работата на Советот.
Локалната самоуправа и ова средно стручно училиште склучија и меморандум за соработка, кој овозможува учениците на практичен начин да го видат и работат она што го учеле во текот на учебната година.
Тие се запознаваат со подготовката на акти, архивирање на предмети, подготовка на материјали за седници на Совет и сл.
Општина Карпош и во претстојниот период ќе ги поддржува младите, со цел да стекнуваат практични вештини, да се усовршуваат и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
Една од задачите и на Локалниот младински совет, кој е во процес на формирање, е да се овозможи поврзување меѓу младите и државните институции, но и приватниот сектор. Нивното вмрежување ќе овозможи младите да стекнат повеќе компетенции, знаења, да бидат финансиски независни и да се придонесе кон намалување на младинската невработеност.