СРЕДБИТЕ НА КАРПОШАНИ СО ПОЛИЦИЈАТА ПРОДОЛЖИЈА ВО ВЛАЕ
- јули 19, 2019
- 0
На плоштадот „ Делфина“, во населбата Влае , вчеравечер се одржа средба на граѓани со претставници од Министерството за внатрешни работи, од Секторот за превенција за кражби. На средбата присуствуваа претставници од урбаните заедници „ Влае 1“ и „ Влае 2“, како и од општинската администрација. Членот на Советот на Општина Карпош Елена Антониевиќ, им се заблагодари за присуството на граѓаните од нејзино име, и од името на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.
Целта на овие средби е да се разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во своите урбани и месни заедници од аспект на безбедноста и превенирање на кражбите. Како што нагласија и претствниците од МВР, во летниот период, кога граѓаните се на летни одмори, кражбите се позачестени, но затоа и припадниците на полицијата се подготвени за превенирање на истите, или пак разоткривање на сторителите.
Овие интерактивни средби ќе продолжат и во наредниот период, бидејќи преку истите се разговара за проблемите со кои се соочуваат карпошани, се детектираат најгорливите прашања, и се даваат сугестии за нивно превенирање, односно изнаоѓање на решенија за истите.