СРЕБРО ЗА ОДБОЈКАРИТЕ ОД КАРПОШ
- мај 10, 2023
- 0
Денеска, во спортската сала „Независна Македонија“ се одигра финалето за девојчиња во одбојка од училишните спортски лиги кои се одржуваат по повод Денови на Општина Кисела Вода.
Во одлична спортска атмосфера, беше одигран последниот одбојкарски натпревар за девојчиња помеѓу екипите на Општина Карпош и екипата на Аеродром.
И покрај неизвесниот и израмнет меч, аеродромки успеаа да триумфираат над карпошанки со 2–0 во сетови. Во интересно надигрување, одбојкарките од Карпош беа совладани во првиот сет, со тесен резултат од 26-24 во корист на соперничките од Општина Аеродром.Во вториот сет, и покрај тоа што беше прикажана вистинска рамноправност и неизвесност, на крајот одбојкарките од Аеродром триумфираа и ја однесоа победата на одбојкарскиот турнир што се одржа во Општина Кисела Вода.
Во продолжение од манифестацијата Денови на Кисела Вода, следниве денови, на 11 и 12 мај ќе се одржат и фудбалските натпревари за основци во машка конкуренција, каде ќе настапи и екипата на Општина Карпош.