Со подобрување на временските услови, Општина Карпош од вчера започна акција за осветлување на сите спортски игралишта на своја територија кои се под нејзино владение. Имено, стручните лица од локалната самоуправа ги активираа 150 ватните штедливи ЛЕД светилки кои го осветлуваат просторот во рамки на спортските игралишта кои функционираат на јавна површина. На овој начин, терените ќе бидат прилагодени за користење до подоцните вечерни часови односно до 23 часот, а оваа акција ќе трае до месец октомври. Во моментов, општинските служби работат на отстранување на дефектот со електричната мрежа на спортското игралиште во дворот на средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во населбата Козле.  

Општина Карпош ги повикува сите спортски ентузијасти да го искористат пролетниот и летниот период, да спортуваат и да се рекреираат на отворено.

 Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, совесно да ги користат спортските реквизити и да водат грижа за јавниот ред.