Согласно планот и стратегијата на Општина Карпош кои во континуитет ги спроведува во насока на субвенционирање при поставување на нови и реконструкција на стари лифтови во станбените згради на своја територија, локалната самоуправа од својот Буџет исплати вкупно 825.500 денари за санација на два лифта.

                Станува збор за реконструкција на лифтот во зградата на ул. Никола Русински бр. 3А/1, за која Општината им исплати на заедницата на станари 325.500 денари, како и санација на лифтот во колективниот станбен објект на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 70А, за чија намена локалната самоуправа одвои 500.000 денари.

                Со  санацијата на старите лифтови се зголемува безбедноста на граѓаните кои го користат ова транспортно помагало, а Општина Карпош и понатаму продолжува со оваа акција за субвенцирање, која има за цел да го подобри животниот стандард на карпошани.