Ја информираме јавноста дека Уставниот суд на Република Северна Македонија заседаваше на седница која се одржа на 3 јуни 2026 година, при што донесе Одлука со која СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 02.
Станува збор за деталниот план со опфат помеѓу населбите Жданец и Нерези, (локалитет А, Б и В) Општина Карпош – Скопје, донесен од Советот на Општина Карпош, со Одлука бр. 09-2483/18 од 13.03.2025 година.
Тогашната Одлука беше уредно објавена во Службен гласник на Општина Карпош бр. 3 од 14. 03.2025 година.

Следствено на тоа, сегашната Одлука со целосното Образложение од Уставниот суд на РСМ е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија, на 03.07.2026 година со бр. 147 – страна 17