Социјални пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, во текот на вчерашниот ден беа поделени на 30 социјално загрозени домаќинства од Карпош. Оваа хуманитарна акција Општина Карпош ја организираше во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ја извршија дистрибуцијата на  пакетите со социјална помош.

 

Карпош во повеќе наврати ја покажува својата хуманост и солидарност со своите жители. Оваа акција е со цел да се олесни живеењето на граѓаните, особено во овој период на пандемија од коронавирусот.

 

Инаку, пред Велигденските празници, Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред сите поголеми маркети на којашто граѓаните донираа продукти. Но, оваа годиниа со намера да се спречи директен контакт меѓу граѓаните, се одлучивме да ја спроведеме акцијата на овој начин.

 

Во текот на неделата, беа доделени и 50 социјални пакети со храна и средства за хигиена, кои беа донирани од компанијата „СМС Шопс ДООЕЛ“, што значи дека изминатава недела беше доделена поддршка за  вкупно 80 домаќинства од Карпош.

 

Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да ја покажат својата хуманост, да донираат и да помогнат на најзагрозените категории граѓани.