Состојбата со загадување на воздухот
- август 3, 2017
- 0
Во координација со Општина Карпош се следи состојбата со загадувањето на воздухот и заеднички се делува. Ова е одговор од државниот инспектор по екологија г-дин Дарко Блинков (пренесуваме цитат):
” Во однос на вашето прашање, колегата локален инспектор за животна средина од Општина Ѓорче Петров, Антонио Паунов во вторникот изврши инспекциски надзор на место кај старото фудбалско игралиште во Волково до реката Лепенец, тоа е диво одлагалиште на различен комунален отпад, интервенирано е со противпожарна бригада и угасено е запаленото ѓубре, тука има ромска популација.
Исто така колешките од општина Карпош преземаат вонредни надзори надвор од работно време кај улицата на телевизија Канал 5 и постојано сме во контакт. Само да ви укажам дека предвреме никогаш да не давате заклучоци за тоа што и како е за одредена појава. Јас сум 47 години во Карпош 3 и добро го познавам теренот, а 20 години сум во Министерство односно во инспекторат. Станицата за квалитет на воздух е во Карпош 4 и оттаму се генерираат податоците кои сте ги извадиле. Бидејќи имате интерес на толкувањето податоци, графици и т.н. прочитајте неколку извештаи за оваа област на http://air.moepp.gov.mk/?page_id=302“