СОРАБОТКА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО
- март 14, 2019
- 0
Општина Карпош денеска склучи меморандум за соработка со Здружението на граѓани за поддршка на борбата против рак на дебело црево – Drive For Colon Cancer Awareness (DFCCA).
Меморандумот претходи на настанот кој е во организација на DFCCA, а се однесува на организирање на возно дефиле под мотото „Неопходноста за превенција од канцерот на дебелото црево”.
Настанот ќе се реализира во средината на месец април, а Општина Карпош ќе овозможи промоција на овој настан кој има за цел да ја подигне јавната свест, преку своите канали за за комуникација (социјалните мрежи, веб страна и општинскиот магазин „Карпош ИН”).
Ова дефиле се организира на ист ден, во повеќе од 100 градови во светот.