Ги известуваме граѓаните на Општина Карпош дека во текот на наредната недела , од 10.02.2025 година, Сектор Инспекторат ќе спроведе подигање на стари отпадни ( хаварисани) возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.

АПЕЛИРАМЕ сите кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена  инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.

За дополнителни информации побарајте не на 078-485-987 Богданка Милошевиќ Мучева – раководител на сектор, 072-225-510 Гордана Максимовска – општински инспектор за животна средина и  071-911-136 Ирена Милевска – општински комунален инспектор