СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН КАРПОШ
- октомври 27, 2026
- 0
Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, ги промовираше новопоставените фотоволтаични системи во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 3. Во рамки на програмските активности на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, започнато е поставување фотоволтаични централи и во три детски градинки – „Орце Николов“ во Карпош 3, „Пролет“ во Козле и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2.
За реализацијата на оваа инвестиција Општина Карпош издвојува 2.139.988 денари од сопствениот буџет. Градоначалникот Лукровски истакна дека вложувањето во обновливи извори на енергија е инвестиција во долгорочна одржливост, намалување на трошоците и создавање подобри услови за престој на најмладите. Ова е продолжение на успешниот процес на енергетска трансформација на општинските објекти.
Во текот на 2024 и 2025 година, фотоволтаични системи беа поставени на сите 10 основни училишта под надлежност на Општина Карпош.
До крајот на 2026 година е предвидено поставување фотоволтаична централа и на уште еден објект на детската градинка „Мајски цвет“ во Карпош 4.
Со овие активности, Карпош продолжува да гради енергетски поефикасни, финансиски одржливи и еколошки одговорни јавни установи.





























