„СОКОЛИ” ПРОТИВ ЕСТОНСКИ „КАЛЕВ КРАМО” НА СТАРТОТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ
- јули 11, 2017
- 0
Повеќекратниот шампион на Естонија, кошаркарите на Калев Крамо се противниците на македонскиот вицешампион КК Карпош соколи во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Овака одлучи директното жреб – извлекување, кое предмалку се одржа во Минхен (Германија), во рамките на Лигата на шампионите на ФИБА.
Првиот меч ќе се игра во Скопје во периодот од 19 до 21 септември, а реваншот ќе се одигра за една седмица. Потенцијалната победа во двомечот ќе ги одведе „соколите” до пласман во втората квалификациска рунда. Таму, противник ќе им биде Алба Фехервар од Унгарија. Во третиот квалификациски меч, актуелниот македонски вицешампион Карпош соколи, ќе ги одмери силите со турскиот кошаркарски состав, Пинар Каршијака.
Македонската екипа ќе мора да помине успешно низ сите три квалификациски фази, со што ќе го загарантира учеството во Лигата на шампионите, кое започнува на 10 октомври.