По невремето, продолжуваме со интензивни активности за расчистување на последиците и санирање на штетите.
Карпош е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети, но со добра координација, ангажман и посветена работа на сите служби, правиме максимални напори што е можно побрзо да го ослободиме јавниот простор од паднати дрвја, оштетени кровови и други последици од невремето.

 Наш приоритет е безбедноста на граѓаните и што побрзо враќање на нормалното функционирање на јавниот простор.
 Ви благодариме за трпението и разбирањето.
Заедно, чекор по чекор, го враќаме Карпош во нормала!