Започна поставувањето на рабниците долж улицата „Скупи“ во Злокуќани. По поставувањето на фекалната канализација, се пристапи кон финални работи за изградба на пешачката зона во должина од половина километар.

 

Во овој дел од Карпош долги години немаше пешачки дел, при што  беше доведена во прашање безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

Градежните активности ги изведува ЈП „Улици и патишта“, а во следниот период целосно ќе се асфалтира пешачкиот дел.

 

Локалната самоуправа и Градот Скопје продолжуваат да ги развиваат периферните делови на Карпош.