Во урбаната заедница Карпош 1, денеска започна обележувањето на пешачките и велосипедски делови долж улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“.  Општината презема вакви инфраструктурни интервенции првенствено поради фактот што хоризонталната сигнализација придонесува за  регулација и зголемена безбедност во  секојдневниот сообраќај.

 

Овие активности ќе продолжат и во претстојниот период и по други населби во Карпош.

 

Локалната самоуправа продолжува со унапредување на безбедноста во сообраќајот., кое опфаќа, покрај тековно одржување на хоризонталната и вертикална сигнализација, и  воспоставување на нови сообраќајни режими за движење на возилата и граѓаните, при што доминираат еднонасочни улици.