На 4. (четврти) и 5. (петти) ноември, 2019 година, службите на ЈП Паркови и зеленило во соработка со Општина Карпош ќе исечат повеќе дрвја на територија на Карпош, во Тафталиџе 2. Овие дрвја претставуваат опасност за граѓаните, околината и можат да направат посериозна штета.

За нивната сеча,  беа испратени барање од повеќе граѓани и заедници на сопственици.

Пред оваа акција,  на терен излегоа стручните служби на ЈП „Паркови и зеленило“ за да ја  констатираат состојбата на дрвјата.

 

Ќе се изврши сечење на:

  • Една слива и еден јавор на ул. „Војвода Васил Чакаларов“ бр.90 и 96;
  • Двебрези, двае дрвја ариш и еден чемпрес на ул „Женевска“ бр.8 и 10;
  • Еден јавор на ул. „Бриселска“ бр.8;
  • Две дрвја од видот Хамаципарис и една бреза на ул. „Лондонска“ бр.10 (кај „Форца“);
  • Двесливи и една бреза на ул. „Московска“ бр.7
  • Две смрчи и една бреза на ул. „Женевска“ кај детското игралиште;
  • Една липа на ул. „Стокхолмска“ бр.10.

 

Сечата на сувите дрвја ќе се изврши врз основа на издадени решенија од страна на Градот Скопје.

На овој линк, може да се информирате за целата постапка за сечење на дрвја:

http://parkovi.com.mk/parkovski-elementi/