СЕДУМДНЕВНО ЛЕТНО УЖИВАЊЕ ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ
- август 19, 2016
- 0
Учениците од основните училишта на територијата на Општина Карпош, заминаа на заслужен одмор во кампот на Црвен крст во Струга. Летниот одмор ќе користат четириесет и четири основци од социјално загрозени семејства.
Овие ученици од шесто, седмо и осмо одделение ќе бидат придружувани од четири наставници, кои ќе се грижат за нив, и ќе бидат задолжени да ги реализираат спортско- рекреативнитите активности и да ги посетат културно- историските обележја кои се предвидени во програмата. Локалната самоуправа за оваа социјална компонента одвои 850.000 денари од општинскиот буџет. Летниот одмор на овие ученици ќе трае од 19 – 25 август со вклучени оброци. Градоначалникот Јакимовски ги поздрави учениците, и им посака пријатен престој во наредните денови.