СДСМ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ СДСМ
- мај 15, 2016
- 0
Социјаделмократскиот сојуз на Македонија изгубен и очаен почна да протестира против СДСМ. За зградата на улица Букурешка е издадено одобрение согласно законските прописи.
Зад неа е интересот на државата, затоа што објектот го гради ЈП за стопанисување со стенбен и деловен простор кое е акционерско друштво во државна сопственост и единствен акционер е државата т.е. Република Македонија која гради на сопствено земјиште.
Објектот е вцртан уште во 2003 година со Одлука на Совет на Општина Карпош, кога Советот го раководеше токму СДСМ. Доколку „граѓаните“ сакаат повеќе детали зашто таму е вцртана маркица со намена домување, на 50-тина метри од нив живее тогашниот секретарот и претседавач на Советот од редовите на СДСМ Трифун Трифуновски и може лично да одат и да го прашаат. Сепак треба да напоменеме дека урбанистите воделе сметка и детското игралиште нема да се урива, гаражите на граѓаните на улица Букурешка исто така нема да се чепкаат, и становите што ќе бидат изградени се сопственост на ЈП за станбен и деловен простор.
Интересен е моментот што ним не им пречеше кога иста таква зграда, на истото место, изгради главниот градски архитект , претседател на Општинска организација на СДСМ и советник во град Скопје од редовите на СДСМ, г-дин Никола Велковски, чија зграда се наоѓа паралелно со овој објект, или тие се бунат само тогаш кога тие немаат свои бизнис интереси, а им пречи ако интерес има државата?!