Од денес, стартува Осмиот по ред Меѓународен акварелен симпозиум на Општина Карпош. Станува збор за културен бренд на локалната самоуправа, кој ќе трае до крајот на овој месец, односно до 31-ви август.
 
Традиционално, на овој голем сликарски настан, доаѓаат уметници, акварелисти од целиот свет. Оваа година, ќе присуствуваат уметници- акварелисти од Индија, Египет, Франција, Романија, Белорусија, Велс, Бугарија и еминентни академски сликари од Македонија: Пандора Апостоловска- Саздовска, Милан Андов, Симонида Филипова- Китановска, Страхил Петровски, Марија Павловска која доаѓа од Њујорк, Лидија Пачемска- Џонс и други.
 
    Учесниците на годинешниот акварелен симпозиум ќе творат на две локации во Скопје- Карпош, и неколку дена во Охрид. Крајот на нивниот творечки труд, ќе резултира со завршна изложба на делата- акварелите на 31-ви август, во ТЦ „Лептокарија“, во рамки на „Културното лето Карпош 2017“.