САНИРАНИ ДЕФЕКТИ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ И АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО КАРПОШ
- ноември 28, 2025
- 0
Неделава, општински служби преземаа конкретни активности поврзани со уличното осветлување, при што беа решени повеќе проблеми кои беа детектирани на теренот. Имено, екипите беа особено активни во реонот на Урбаната заедница Нерези, каде деновиве беше санирано осветлувањето на дел од улицата Ванчо Мицков, а службите го доведоа во исправна состојба и осветлувањето долж улиците Партизанска 3, 5 и 7. Успешно беше отстранет дефектот со осветлувањето на дел од улиците Женевска и Бриселска во населбата Тафталиџе 2, а се интервенираше и на улицата Руѓер Бошковиќ во населбата Карпош 2.
Стручните служби ги санираа дефектите со уличното осветлување кај тениските терени АБЦ во Карпош 1, а со истата динамика беа решени проблемите со јавното осветлување на улица Трифун Пановски во Карпош 3. Темелно се работеше и во населбата Криви дол во урбаната заедница Злокуќани, каде беа санирани дефектите на електричната мрежа на осветлувањете, на улица Скупи 1а.
Бидејќи јавната чистота е еден од најважните приоритети на локалната самоуправа, оваа недела Општина Карпош спроведе тековна акција за расчистување на поголема дива депонија во населбата Бардовци, поточно на улица Скупи 20. Покрај редовните активности за одржување на хигиената на територија на Карпош, општинските служби темелно чистеа на потегот долж улицата Никола Русински во Карпош 3, а се чистеа и сливниците, како превенција и подготовка за претстојниот дождлив период.









