САНАЦИЈА НА УДАРНИ ДУПКИ ВО КАРПОШ
- февруари 21, 2020
- 0
Во Општина Карпош утринава беа реконструирани повеќе ударни дупки долж улицата „Козле“ 10. Со санацијата се опфати површина од 300 квадратни метри.
Исто така, службите и механизацијата кои ги ангажираше локалната самоуправа, ќе продолжат со работа и санација на ударни дупки во Нерези, а веќе е саниран и дел од улиците во Злокуќани.
Локалната самоуправа работи и на поголеми инфраструктурни зафати во Бардовци, каде што во тек е реконструкција на крак од улица „18“, а целосно е завршена обновата на крак од ул. „4“.
За оваа година, одвоени се десет милиони денари буџетски средства за реконструкција на локалните улици во Општината.