Пред споменикот на загинатите 17 борци во првиот скопски партизански одред, во чест на Денот на градот Скопје, 13 ноември, денеска Здружението на борци од Карпош, насади 17 дрвја. Околината на овој споменик, се збогати со дрвја од видот горски јавори, кои беа донирани од Општината во чест на загинатите борци во Народно ослободителната војна.