Под покровителство на Општина Карпош, а во организација на клубот ,,Буба Клуб Македонија”, кој денеска прославува  14 години од своето постоење, се одржа средба на сопствениците на олдтајмери, на плоштадот ,,Делфина” во населбата Влае. Граѓанската асоцијација – Клуб на историски возила ,,Буба клуб – Македонија” , е формиран во 2010 година, и оттогаш па наваму,  клубот бележи низа активности, а истиот секојдневно се збогатува со сопственици на популарната фолксваген Буба, како и љубители на олдајмерите.

Клубот за прв пат во историјата на Македонија е формиран со иницијатива на неколку члена со цел да се обединат сите сопственици на “Буба“ возилата во Македонија, преку кој ке можат да ги прикажат вистинските вредности на ова легендарно возило на сите времиња како синоним за квалитет, издржливост, симбол на мирот и генерациите.

На  собирот беа изложени  повеќе од 60 возила и 100-тина учесници од разни клубови,  од целата држава  (ОТК “Пежо 404 Клуб“, “Gentleman’s Crew Skopje”, “Kings of the street – Велес“, “Струмица Ретро Клуб“, “2CV Спачек Клуб Скопје“, “Олдтајмер Витези од Куманово“, “Љубители на Класик Мини“) како и неколку олдтајмер клубови од регионот, како: ОТК “Врање“, ОТК “Ниш“, ОТК “Врњачка бања“ од Србија,  ОТК “Призрен“ од Косово и Ретро Албанија.

Денешниот двочасовен настан, беше збогатен и со настап на ансамблот “Никола Јонков Вапцаров“.