Советот на општина Карпош, денеска ја одржа 41. седница и  тоа втор пат  преку електронската платформа ZOOM. Во рамки на онлајн седницата,  беше прифатена одлуката за меѓуопштинска соработка со градот Скопје, за реконструкција на улици во населбата Нерези. Советниците го изгласаа и предлогот за конзерваторски и реставраторски работи на манастирот ,,Св.Пантелејмон” кој датира од 12-тиот век и е еден од културно-историските обележја не само на општина Карпош, туку и на градот Скопје.

 

Советниците дадоа „зелено светло“ и за грант од Министерството за труд и социјална политика, со помош на кој треба да се обнови детската градинка ,,Орце Николов” во населбата Карпош 3. Еден од приоритетите на локалната самоуправа е модернизирање на детските градинки, со цел да се подобрат условите за престој во претшколските установи. На денешната седница, советниците ја одобрија и иницијативата за распишување на јавен повик за формирање на младински совет. Формирањето на овој младински совет треба да обезбеди поактивно учество на младите  карпошани во реализацијата на разни проекти и  настани, кои се од интерес на младината, како и нивна партиципација во решавање на проблемите со кои се соочуваат  жителите од оваа возрасна категорија.

 

Советниците одобрија и финансиски средства за реализација на дел од проектот ,,Училиштето е место за поттик на младите за позитивни промени и унапредување на животната средина“ во ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош“. На седницата се изгласа и одлуката за вработување на кадар во девет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2020/2021