„РЕСЕТИРАЊЕ“ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ
- април 25, 2018
- 0
Со цел да ја зајакне улогата на младите во креирање на севкупниот општествен амбиент во нашата локална самоуправа, Општина Карпош на последната, деветта седница на Советот донесе Одлука за измени и дополнување на Статутот на Општината со која практично се „ресетира“ Локалниот младински совет. Намерата е тој да прерасне во вистинско претставничко тело на младите, составено од политички подмладоци, младински организации и неформални здруженија на територија на Општина Карпош.
На овој начин, претставниците на младинскиот сектор ќе бидат вклучени во процесот на креирање на политики кои ги засегаат младите во Карпош, како и во изработка на локална стратегија за млади за детектирање на проблемите на локално ниво.
Рестартирањето на Локалниот младински совет во Карпош ќе придонесе и за развој на младинскиот активизам и ова тело ќе претставува вистинска поддршка на Советот на Општина Карпош, особено во делот на креирање на политики за млади.