Денеска започна реконструкцијата на две училници во „Димо Хаџи Димов“ во Влае. Се заменува стариот и оштетен под со нов, а се бојадисуваат и ѕидовите од училниците.

 

Предвидена е и санација на пристапните патеки во училишниот двор, за да се обезбеди побезбедно движење на децата, наставниот кадар и родителите.

 

Во ова училиште, минатата година се реконструираа и дел од тоалетите и соблекувалните во спортската сала.

 

На овој начин, продолжува подобрувањето на условите во основните училишта во Општина Карпош.

 

Изминатиов период, локалната самоуправа работи и на подобрување на безбедноста пред воспитно – образовните установи. Се поставуваат нови „лежечки полицајци“ и креативни столпчиња, за повнимателно возење по локалните улици.