Општина Карпош работи на подготовка за целосна реконструкција на улицата „Гиго Михајловски“, во населбата Карпош 1.

Имено, претстои обнова (асфалтирање) на 250 метри од коловозната лента, која е со широчина од 3,3 метри. Исто така, ќе се обнови и дел од пешачката зона (тротоарот), со цел да се обезбедат подобри услови за движење на граѓаните.

 

Во изминатиот период локалната самоуправа ги реконструираше  улиците „Париска“ (Тафталиџе 1), „Мирка Гинова“ и „Иван Аговски“ во Карпош 1, како и улицата „Шекспирова“ во Карпош 2.

 

Општина Карпош им се заблагодарува на сите граѓани за разбирањето и трпението при изведбата на овие сообраќајници и за почитувањето на времениот сообраќаен режим.