РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЏУМАЈСКА“ ВО КОЗЛЕ
- март 19, 2026
- 0
Во тек се градежни активности на улицата „Џумајска“ во населбата Козле, каде се реализира реконструкција на делница долга 517 метри, која се протега од улицата „Леринска“ до улицата „Брадфорд“. Со интервенцијата се врши целосна обнова на коловозот, со нова асфалтна површина, замена на рабниците и реконструкција на долниот строј, со што се унапредува безбедноста и се олеснува секојдневното движење во овој дел од општината. Континуираното унапредување на локалната инфраструктура останува еден од клучните приоритети на Општина Карпош, особено кога станува збор за улици кои имаат секојдневно значење за граѓаните и нивното функционирање. Инвестицијата изнесува околу 15 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт, а проектот го реализира Општина Карпош. Изведувач на работите е „БИТЕМ ДООЕЛ Скопје“, додека проектната документација е изработена од „МГ Проект“ од Скопје. Овие активности се дел од континуираниот пристап на Општина Карпош, насочен кон постепено обновување на уличната мрежа и создавање поуреден и пофункционален урбан простор.









