Градежните активности во Општина Карпош се одвиваат со динамичен континуитет. Така,  денеска започна асфалтирањето на сливната улица Орце Николов која се пробива на потегот од ул. Рузвелтова до ул. Никола Тесла.  

Широчината на новореконструираниот коловоз изнесува девет метри  и се протега во должината од 430 метри.

         

          Инфраструктурниот зафат се одвиваше во една фаза, гребење и асфалтирање, со корекција на шахти и сливници. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“ а Општина Карпош за оваа капитална инвестиција од својот буџет издвои околу 4.000.000 денари.