Општина Карпош заврши со реконструкција на кракот на улицата „Драгиша Мишовиќ“, во населбата Карпош 3 (пред градинката „Орце Николов“).

 

Станува збор за обнова на коловоз од 80 метри и широчина од 7 метри, а реконструирани се и пешачките делови. Вкупната асфалтирана површина изнесува 1.600 м2.

 

Оваа сообраќајница ги поврзува улиците „Карпошово востание“ и „Никола Русински“, а по сугестии на граѓаните, поставени се и слеани рабници со цел да се подобри пристапноста за велосипедистите, родителите/старателите кои ги носат децата во градинка, како и да се олесни движењето на граѓаните со попреченост.

 

Општина Карпош продолжува со тековното одржување на инфраструктурата.