РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОМПЛЕКС ОД СЕДУМ УЛИЦИ
- март 9, 2016
- 0
Општина Карпош работи со засилено темпо на подобрување на инфраструктурата на улиците на нејзина територија. Во тек е реконстурирањето на комплекс од седум улици и тоа: „Кнез Хацон“, „Кнез Трпимир“, „Поп Богомил“, „Трнодол“, „Лесновска“, „Презвитер Константин“ и „Јан Хус“ во населбата Трнодол. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за медиумите најави асфалтирање на коловозите на кои претходно е поставено ново осветлување како и нови рабници и тротоари.
-Вршиме целосна реконстуркица на улиците во наслебата Трнодол, односно некаде веќе и се заменети рабниците, онаму каде што било можно, тротоарите се заменети со павер-елементи, променето е уличното осветлување. На неколку места имаме проблеми со фекалната канализација, којшто проблем деновиве исто така ќе го разрешиме. Со ова практично правиме целосна реконструкција на улиците, со што на граѓаните ќе им овозможиме полесно движење по коловозот и по тротоарите. Инвестицијата е околу 17,5 милиони денари и е финансирана од буџетот на локалната самоуправа. Градежните работи ги вршат две фирми, „Ескаватори“ и фирмата „Бауер БГ“.
Асфалтирањето на улиците се врши истовремено, а за дваесеттина дена се очекува целосно да завршат инфраструктурните активности во наслебата Трнодол.