Општина Карпош заврши со целосната реконструкција на детското игралиште во Жданец. Обновени се старите реквизити со нови, со што се подобрија условите за  рекреација на најмладите од овој дел на Карпош.

 

Во изминатиот период, локалната самоуправа го реконструираше и игралиштето во Карпош 4, на улицата „Никола Парапунов“. Општината етапно ги санира сите детски зони, а оваа година се фокусираме и на замена на постоечките подлоги со гумирани.

 

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно користење на детските и спортските игралишта и чување на поставената урбана опрема.