Обновени се уште два краци од улицата „14“  во населеното место Бардовци.. Едниот крак е со должина од 73 метри и ширина 3.20 метри, а другиот крак е со должина од 29 метри и ширина од 4 метри.

Овие градежни активности на локалната самоуправа се во насока на развој на руралните делови и нивна планска урбанизација, а со ова Општина Карпош продолжува со реконструкцијата на улици во населеното место Бардовци.

 

Во изминатиот период, локалната самоуправа изврши санација на повеќе улици во Бардовци и тоа: крак од ул. „19“, крак од улица „20“, крак од улица „18“ и крак од ул. „4“.

 

На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства, а се зголемува и безбедноста за движење на сите учесници во сообраќајот.

 

Општината продолжува да инвестира во одржување на постоечката инфраструктура, но и во развој на периферните делови од Карпош.