РЕКОНСТРУИРАНИ СЕ УЛИЦИТЕ „ШЕКСПИРОВА“, „ИВАН АГОВСКИ“ И КРАК ОД „КОЗЛЕ“ 1 ВО КАРПОШ
- септември 4, 2021
- 0
Општина Карпош продолжува со подобрување на сообраќајната инфраструктура.
Деновиве заврши реконструкцијата на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2, во близина на Драмски театар.
Поставен е нов асфалт во должина од 260 метри, а се направи обнова и на пешачкиот дел од страната на „Тинекс“ маркетот. Во должина на тротоарот се поставија и нови рабници. Исто така, реконструирана е и улицата „Иван Аговски“ во Карпош 1, која доби нова коловозна лента и ивичњаци.
Локалната самоуправа обнови и крак од улицата „Козле“ 1 во Средно Нерези. Службите ја отстранија старата и оштетена бетонска подлога и се постави нов асфалт во должина од 120 метри.
Во изминатиот период, општина Карпош ги обнови и улиците „Париска“ (Тафталиџе 1), и „Мирка Гинова“ (Карпош 1), а претстои реконструкција и на „Гиго Михајловски“ (Карпош 1).
Општината континуирано вложува во подобрување на состојбата на сервисните улици по сите населби низ Карпош.