Општина Карпош заврши со реконструкција на две улици во Бардовци. Станува збор за реконструкција на крак од ул. „19“ и ул. „20“.

 

Улицата „19“ е во должина од 150 метри и ширина од 3 метри, а кракот од улицата „20“

е во должина од 140 метри и ширина 3.80 метри.

 

Овие две локални улици претставуваат пристап за поголем број на домаќинства, куќи во овој дел од Карпош.

На овој начин, се олесни движењето и се зголеми безбедноста за граѓаните и нивните возила, имајќи предвид дека овие улици со години беа во руинирана состојба.

 

Во изминатиот период, во Бардовци се реконструираа и улиците: крак од ул. „18“ и крак од ул. „4“.

 

Локалната самоуправа продолжува со подобрување на инфраструктурата во периферните делови на Карпош, но и во урбаниот дел.