РЕКОНСТРУИРАНА Е УЛ. „КАРПОШОВО ВОСТАНИЕ“ ВО КАРПОШ 3
- март 12, 2019
- 0
Општина Карпош заврши со реконструкција на поголема делница од улицата „Карпошово востание“, во урбаната заедница Карпош 3.
Имено, асфалтирани се 390 метри од улицата и поставен е повеќеслоен асфалт, со што е зголемена безбедноста за движење на возилата и другите учесници во сообраќајот.
Локалната самоуправа интензивно работи на подобрување на севкупната инфраструктура во Карпош, откако неодамна се обнови и ул. „Даскал Камче“, во Карпош 1.
По повеќе децении, во Карпош се реконструира и улицата „Брадфордска“, во населбата Козле, од страна на Град Скопје.