Целосно е реконструиран крак од улица „4“, во Бардовци, во должина од 150 метри. На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства од овој дел на Карпош.

 

Обновата на оваа улица е во рамки на дванаесеттте улици кои етапно ќе се санираат во Бардовци. Сите 12 улици се во должина од 969 метри и повеќе години беа во руинирана состојба.

 

Општина Карпош продолжува да ја унапредува инфраструктурата и во периферните делови, кои долго време делуваа отсечено од урбаното јадро.

 

За 2020 година, локалната самоуправа одвои 10 милиони денари од Буџетот за реконструкција на улици.