РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ФОНТАНИТЕ ВО КАРПОШ
- август 6, 2026
- 0
Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.
Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата.
Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност.
Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.









