Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа.
Кабинетите, училниците и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови.

 Во таа насока беа опфатени сите училишни простории, со цел обезбедување чиста и безбедна средина одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар.
Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, како и создавање на средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно.