Денеска, во урбаните заедници  Влае 1 и Влае 2,  согласно однапред предвидената и утврдена динамика, општинските службеници за одржување на јавната хигиена, беа на терен и ја косеа нараснатата  трева. Освен засилената  пролетна  акција за косење на  тревата и уредување на јавното и парковско зеленило, општинските служби во полн капацитет работат на терен, ги метат и чистат сервисните улици кои се под надлежност на локалната самоуправа. Службите, исто така расчистуваат и мини диви депонии создадени од несовени граѓани, кои на несоодветни локации одложуваат шут, кабаст и друг вид на отпад.

Апелираме до жителите на Карпош дека кабастиот отпад  треба да биде одложен во соодветниот прифатен центар за селекција на отпад во Карпош (пункт на Ј.П„Комунална хигиенаСкопје“), на бул. Илинден, позади бензиската станица на Макпетрол, во близина на С.Ц Борис Трајковски, кој работи  и е отворен  секој ден од 07:00  до  19:00 часот.

Исто така, апелираме за поголема свесност  за  одржување  на јавната хигиена, чување на урбаната опрема, како и заштита на животната средина, како наше заедничко  општо добро.