Основците  од ООУ „  Христијан Тодоровски- Карпош“, успеаа   да ја обезбедат првата позиција на  територијата на Град Скопје, и се пласираа на државното првенство во ракомет.  Во разигрувањето  со четири победи  во низа , основците од Христијан Тодоровски- Карпош без ниту еден пораз, се искачија на  победничкиот пиедестал  , и ќе бидат репрезенти од Скопје на националното првенство. Со  борбен дух, пожртвувана тимска игра, со максимално залагање,  учениците покажаа  спортски квалитет, со кој ќе бидат достојни претставници на Општина Карпош на државното првенство.

 

Локалната самоуправа, во континуитет вложува во развојот на талентираните спортисти и ученици  од  територијата на Општина Карпош, се со цел,  учениците да го развиваат својот спортски дух и талент, и да постанат врвни професионални спортисти на државно или интернационално ниво.