РАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИТЕ ДВОРОВИ ВО КАРПОШ
- април 13, 2018
- 0
Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач “Елколект” го уреди дворот на основното училиште “Вера Циривири – Трена”.
Се засадија повеќе дрвца на слободните површини во училишниот двор, а во еко – акцијата беа вклучени и учениците.
Една од примарните цели на локалната самоуправа е разеленувањето на Општината, во сите аспекти. Оплеменување на зеленилото меѓу зградите, но и целосно разеленување на училишните дворови кои ќе прераснат во уредени зелени градини со намена за спорт и рекреација.
Во изминатиот период се засадија и нови садници во училиштето “Петар Поп Арсов”, а во текот на следната недела нови дрвја ќе бидат засадени и во основното училиште “Аврам Писевски”.