На шеесеттата седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по седум предлог точки. Претставниците на Советот ја одобрија одлуката за донесување на Детален урбанистички план за село Бардовци, измена и дополна на Блок 12. Советниците ја одобрија одлуката за изменување и дополнување за извршување на Буџетот на Општинаа за 2017 година. Советниците Горан Михајлов и Марјан Огњановски беа одобрени за членови во Собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности КК ,, Карпош- Соколи“.

 

Советниците на оваа седница исто така го утврдија начинот на функионирање на училишните спортски клубови формирани во основните училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, и се прифати предлогот –заклучокот за формирање на училишни спортски клубови.