РАБОТИЛНИЦА ВО ОПШТИНА КАРПОШ ОД ПРОЕКТОТ „COOL HEATING”
- јуни 5, 2017
- 0
Вo рамки на проектот „CoolHeating” , во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), во сторникот (30.05.2017) се одржа обука на тема „Јакнење на капацитетите за финансирање и бизнис модели за системи за грење и ладење со обновливи извори на енергија”.
Господинот Пер Кристенсен од Данска, како претставник од трите земји учесници во проектот (Данска, Германија и Австрија) презентираше модел на добра пракса, кој е реализиран во оваа земја.
Македонија и Општина Карпош заедно со Словенија Хрватска Босна и Херцеговина и Србија се земји кои ги учат и имплементираат овие пракси во рамките на проектот „ХОРИЗОНТ 2020″ на Европската Унија. На работилницата со свои презентации се претставија програмите на Светска Банка, Европската Банка за реконструкција и Охридска банка.
Саша Максимовски од Општина Чаир која заедно со општините Кисела Вода и Струмица се општини-следбеници во овој проект, ја изложи презентацијата за Моделите на јавни приватни партнерства во реализацијата на вакви проекти. Софтверската алатка за анализа на проектите за греење и ладење, ја презентираше Владимир Георгиевски од Интернационалнит центар за одржлива енергија СДЕВЕС Скопје, кој како посебен проектен дел во МАНУ е партнер на Општина Карпош во проектот „ХОРИЗОН 2020″ на Европската Унија.
Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност при Општина Карпош Љупчо Димов, ја изложи својата презентација за Модели на финансирање на проекти за енергетска ефикасност во локалните самоуправи -искуства во Република Македонија. Димов истакна дека овие проекти во Општина Карпош, донеле заштеда на потрошувачката за греење и ладење и ги презентираше искуствата во финансирањето на ваквите проекти во општината.
Презентациите на овој настан, имаа за цел да ги разработат прашањата кои се од интерес за локалните чинители и финансиските институции. Претставниците на институциите и приватните фирми, одржаа предавања од областа на финансирање, бизнис модели, договори и технологии во системите за централно греење и ладење, кои се базирани на обновливите извори на енергија.