Општина Карпош учествуваше на работилницата на тема „Вовед во воспоставувањето и операционализирање на локалните совети за превенција“, организирана од ОБСЕ.
На работилницата, покрај претставници од повеќе општини, присуствуваа и претставници од СВР Скопје, при што беа споделени искуства и добри практики во однос на функционирањето на локалните совети за превенција. Настанот претставуваше значајна можност за размена на знаења и унапредување на капацитетите на локалните самоуправи во областа на превенцијата и безбедноста.
 

Во рамки на работилницата, Општина Карпош ја сподели својата искуствена практика и пристап во воспоставувањето и функционирањето на Локалниот совет за превенција кој придонесува кон унапредување на безбедноста во заедницата.
Со учеството на вакви настани, Општина Карпош дополнително ги зајакнува своите капацитети и ја продлабочува соработката со релевантни институции и организации, со цел поефикасно справување со ризиците и унапредување на превентивните политики.
Општина Карпош останува посветена на развојот и унапредувањето на механизмите за превенција, со цел создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани.