ПРОФЕСОРОТ ЈАЌОВСКИ ГО ИСКАЧИ НАЈВИСОКИОТ ВРВ ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА
- јули 8, 2022
- 0
Градоночалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски го прими професорот од Институтот за судска медицина Златко Јаќовски, кој пред две недели успеа да го искачи највисокиот врв во Северна Америка, на планината Денали. На средбата, доктор Јаќовски го информираше градоначалникот за неговиот личен подвиг и му се заблагодари за поддршката. Градоначалникот му го честиташе успехот и му се заблагодари за промоцијата на Македонија и на општина Карпош на северноамериканскиот континент. Професорот Јаќовски успеа да го освои највисокиот врв на Северна Америка со височина од 6.134 метри по десетчасовно искачување од последната база. На самиот врв Јаќовски гордо ги развиори македонското знаме и грбот на општина Карпош, а успехот го прослави со зборовите „Да живее Македонија“.