Промовирана книгата „Како Мони и Марко ја спасија шумата“
- ноември 11, 2026
- 0
Во Општина Карпош се одржа промоција на романот за деца „Како Мони и Марко ја спасија шумата“ од Надица Митевска, одделенски наставник во ООУ „Војдан Чернодрински“ – Карпош.
Романот, со својата фантастична содржина, на младите читатели им пренесува значајни пораки за пријателството, истрајноста, емпатијата и довербата. Воедно, преку една возбудлива приказна, ја истакнува важноста на развивањето на еколошката свест кај децата уште од најрана возраст.
Издавањето на романот е финансиски поддржано од Општина Карпош, во рамки на Програмата за култура, со што општината продолжува да го поттикнува книжевното творештво и да ги поддржува авторите и културните содржини за најмладите.

















